Најважни Свет

ФБИ ги проверува припадниците на Националната гарда поради страв од внатрешен напад

Американски експерти за безбедност се загрижени за можен „внатрешен напад“ или закана што може да дојде од припадниците на службата кои ќе бидат задолжени за чување на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден за време на инаугурацијата на 20 јануари. Тие побараа од ФБИ сите 25.000 припадници на Националната гарда бидат проверени и да дојдат в среда во главниот град.

Зголемената претпазливост е поради немирите што се случија на 6 јануари, кога пет лица беа убиени при упад на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот, јавија американски медиуми.

Американскиот секретар на Националната гарда, Рајан Мекарти изјави дека безбедносните служби се свесни за потенцијалните закани и ги предупреди командантите на единиците да бидат дополнително внимателни со приближувањето на инаугурацијата. Командантите досега не рапортирале за извесна закана.

– Ние постојано поминуваме низ процесот и проверуваме … секого од поединците кои се испратени за таа операција, изјави Мекарти во интервју откако тој и други воени лидери поминаа низ исцрпна, тричасовна вежба за безбедност за подготовка за инаугурацијата в среда. Тој рече дека членовите на гардата, исто така, добиваат обука како да ги идентификуваат потенцијалните внатрешни закани.

Околу 25.000 припадници на Националната гарда ќе дојдат во Вашингтон од целата земја – два и пол пати повеќе од претходните инаугурации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Врховен ја поништи зголемената пресуда за дрога на Васил Јованов – Апелација го осудила без да го викне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе