Обилните врнежи од дожд и излеаните реки ги поплавија најниските делови од Пелагонија, посебно во пограничните битолски села. Дел од обработливите површини се во вода, а најмногу ги има во атарот на селата Жабени, Кравари, Егри.
Ние си знаеме какво е местото, јас сум од Жабени. На нивите пониско што се имаа вирови. Мачно е , водата не прашува, водата е голема сила, вели Заим Јакупи на село Жабени
Во село Породин се поплави Живинарската фарама откао се излеа Велушка река, која со години е неисчистена. Водата донесе огромни количини ѓубре и талог, кои звршија во стопанскиот двор на фармата. Вработените заедно со битолските јавни претпријатија ја испумпаа водата и ја спасија живината.
Вчера околу пладене имаше пообилни врнежи, се излеа реката и тоа ни направи штети. Покрај стопанскиот двор шт се поплави, водата влезе во халите, но живината е во кафези и не се напрвија штети, вели Кире Коштревски, Живинарска фарма „Породин“
Вчера надојдената вода во реката Драгор во Битола, урна дел од брегот кај пумпната станаица на битолски Водовод, па тука е поставен времен насип, со што надлежните велат сосотјбата е под контрола и будно се следи, за да не се случи водата да го полави овој витален објект. Од јавното водостопаснко прептријатије велат дека каналската мрежа за која се надлежни e функционлан, но, помагаат за санација на сите критични точки каде има потреба. Какви штети предизвикаа овие врнежи во Битолско, доплнително ќе се проценува.
Емилија Мисирлиевески