Вести Свет Топ вести

Демократите инсистираат Трамп да ја напушти функцијата пред 20-ти јануари

Американските Демократи не се откажуваат од активирање на постапката за импичмент против претседателот Доналд Трамп. Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, упати писмо до демократските конгресмени. Во него се повикува потпретседателот Мајк Пенс да го собере и мобилизира Кабинетот за активирање на 25-от амандман за прогласување на претседателот за неспособен за извршување на должностите.

„Го повикуваме потпретседателот да одговори во рок од 24 часа“, напиша Пелоси уште во писмото. Потоа, ќе продолжиме со донесување закон за импичмент, бидејќи овој претседател претставува непосредна закана за демократијата, се вели во писмото на Пелоси.

Активирањето на 25-от амандман значи дека потпретседателот Пенс треба да го отстрани од функцијата Трамп и да ги префрли надлежностите на себе, се до 20-ти јануари кога новоизбранот Џо Бајден и официјално ќе влезе во Овална Соба. Сепак, Пенс не ја прифаќа оваа идеја.

Во меѓувреме, Трамп е се поизолиран во намерите да остане до крај. Го напуштаат неговите сопартијци, и инсистираат да поднесе оставка.

Мислам дека најдобро за нашата држава, Чак е претседателот да си поднесе оставка и да замине што е можно побрзо. Тоа не е многу веројатно, но е најдобро. Не постои некоја волја или консензус за активирање на 25-от амандман, и мислам дека нема време за имичмент – има 10 дена до крајот пред да замине претседателот. И затоа мислам дека е најдобро да поднесе оставка, изјави Пет Тумеи, сенатор од Републиканската партија во Пенсилванија.

Демократите се закануваат и дека ќе ги пуштат снимките во кои се слуша како Трамп го поттикнува народот насилно да го нападнат Капитол Хил. Властите истражуваат дали имало безбедносни пропусти, а многу од претставниците од Конгресот се убедени дека насилниците имале помош од внатре откако се пшроширија фотографии на полиајци како ги отстрануваат барикадите и позираат со насилниците. Поради тоа Демократите сметаат дека на Трамп не може да му се верува и е закана за целата земја.

Ако не поднесе оставка, тогаш лидерите на нашата држава мора да одат со 25-от амандман да го отстранат од функцијата. Ако не делуваат, тогаш Конгресот ќе го активира второто отповикување на Доналд Трамп, вели претставичката во Конгресот од Њујорк, Керолајн Малоуни.

Трамп мора да замине од функцијата пред 20-ти јануари, предупреди Ненси Пелоси бидејќи е непресметлив и може да ги користи нуклеарните кодови. Готово е, рече Пелоси во вчерашното интервју на „60 минути“ – потсетувајќи на Вотергејт ерата, кога самите Републиканци истото му го порачаа на Ричард Никсон.

Трамп би можел да биде единствениот претседател во историјата на САД на кој двапати ќе минува низ процедурата за отповикување.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе