Лекарот на папата Франциск, Фабрицио Сокорзи, почина вчера од компликации предизвикани од коронавирусот, објави ватиканскиот весник Л’Осерваторе Романо.
Сокорзи беше личен лекар на папата од 2015 година и имаше 78 години.
Тој беше хоспитализиран во Рим на 26 декември на онкологија, објави весникот „Авенир“, што ги следи настаните во Ватикан.
Не е познато кога Сокорзи бил во близок контакт со папата за последен пат.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.