Вести Економија

Извозот во 2020-та паднал за речиси 10%

Извозот на стоки од земјава од јануари до ноември минатата година бележи пад од 9,9 отсто во однос на тој период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 5.970.157.000 американски долари, вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.744.550.000 долари, што е за 9,7  отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, пак, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 1.774.394.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – ноември лани изнесува 76,9 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – ноември 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, нашата држава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе