Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конгресот ја потврди победата на Бајден

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот Конгрес дури во утринските часови на 7 јануари успеа да ја потври победата на Џо Бајден на претседателските избори на 2 ноември. Сенатот потврди дека Бајден освоил 306 електорски гласови, наспроти 232 на претседателот Доналд Трамп.

Објавата на сосотојбата на гласовите од страна на претседателот на Сенатот, ќе биде доволна декларација за изборот на лицата за претседател и потпретседател на САД. Секој од нивните мандати започнуваа на 20 јануари 2020 година, ја прочита декларацијата потпретседателот во заминување Мајк Пенс, кој е и претседавач со Сенатот.

Сесијата на двата дома беше прекината со насилсниот упад во Капитол Хил, на подржувачите на претседателот во заминување Доналд Трамп, при што загинаа 4 лица.