Дојран очекува поголеми приходи и реализација на проекти значајни за езерото за следната 2021 година. Рекорден буџет најави градоначалникот на општината, Анго Ангов, кој смета дека значајно е што после речиси една деценија успеале да извршат самостојна продажба на земјиште за викенд куќи што донесе сериозни средства во локалната каса.
Ангов вели дека проекциите се базираат на реални проекти одобрени од странски донатори, но и од државата. Идната година владата ќе финансира проекти во висина од околу еден милион евра во Дојран.
Пред неколку денови Дојран се најде на врвот општини во државата кои имаат најсвисок приход по глава на жител во 2019 година. Според истражувањето на Центарот за економски анализи, Дојран е на 6 позиција со околу 9.327 денари по глава на жител.
Сузана Мицева