Вести Свет

Новиот претседател на Сенегал има две први дами

Басиру Диомај Фај стана  петтиот претседател на Сенегал ветувајќи системски промени во државата, а новост е дека во претседателската плата ќе живеат две „први дами“ откако новиот претседател одлучи да не ја прикрива полигамијата.

Фај ја положи својата заклетва пред стотина сенегалски официјални лица и лидери на други држави од регионот. 44 годишниот Фај е најмладиот претседател на Сенегал, а до пред само 3 недели беше затвореник.

Во краткиот говор по дадената  заклетвата Фај изјавил дека е свесен оти неговата голема победа на 24 март во првиот круг од претседателските избори покажува голема желба на населението за системски промени.

Сенегал под мое лидерство ќе биде земја на на надеж, мир со независно правосудство и поголема демократија, изјавил Фај.

Фај го наследува Макија Сала (62) кој што 12 години беше претседател на Сенегал одржувајки одлични односи со западот и Франција. Новиот претседател е муслиман кој има две сопруги а и двете беа присутни на неговата инаугурација.

Фај е и првиот претседател на Сенегал кој што се одлучил да не ја крие полигамијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе