Uncategorized Вести Свет

Зеленски ги отпушти првиот помошник и тројца советници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разреши од должност неколку блиски соработници, меѓу кои и својот прв асистент, Сергеј Шефир, јавуваат медиумите во Украина. Шефир беше именуван за прв помошник на Зеленски во 2019 година.

Зеленски смени и тројца свои советници – Олег Устенко, Сергиј Трофимов и Михаил Радуцки, пренесува „Унијан“.

Разрешени се и Наталија Пушкарјова, повереничка за доброволци, и Олена Вербицка, повереничка за заштита на правата на воените лица.

Од кабинетот на Зеленски засега нема објаснување за најновите промени во поширокото кадровско прегрупирање на администрацијата на украинскиот претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ смирува: Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво

Kristina Kuzmanovski

Телма во Тиват: Самит што може да го смени патот кон ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје ЗОО се родија две бели волчиња

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе