Вести Свет Топ вести

ЕУ отвори истраги против Епл, Гугл и Мета

Европската унија соопшти дека отворила истраги против најголемите светски технолошки гиганти Епл, Гугл и Мета, истражувајќи ја нивната компанија сопственик Алфабет поради потенцијални прекршувања на Законот за дигитални пазари. Доколку се утврдат прекршувања на компаниите им се закануваат астрономски казни во износ до 10 проценти од нивните годишни приходи.

Истрагата доаѓа само три недели откако ЕУ го казни Епл со 1,8 милијарди евра за прекршување на законите за конкуренција поради стримување музика. Во меѓувреме, минатата недела и САД го обвинија Епл за монополизирање на пазарот со паметни телефони.

ЕУ се сомнева дека системот на Епл и Алфабет ги спречува или во најмала рака им отежнува на апликациите да им препорачаат на своите корисници начини за пониски претплати на нивните услуги, насочувајќи ги сите плаќања преку нивниот систем.

Според потпретседателката на ЕК Маргрет Вестагер за комплетирање на истрагата ќе бидат потребни околу 12 месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе