Вести Свет Топ вести

Вакцините на Фајзер пристигнаа во Србија

На белградскиот аеродром пристигна првиот дел од контингентот вакцини на компанијата „Фајзер“. Во контингентот има 4.800 вакцини, а според претходните најави, тие се наменети првенствено за корисници на домови за стари лица. Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија веќе даде согласност за употреба и увоз на вакцините на „Фајзер“.

Денеска ќе се одржи првата работна седница на Националниот координативен тим за имунизација против Ковид-19, на која треба да се усвои Оперативниот план за подготовка и спроведување на имунизација на населението во Србија.

Српските здравствени власти ја испитуваат и руската вакцина „Спутник“. Веќе се  направени општи, специјални и безбедносни тестови, и се очекуваат добри резултати и за оваа вакцина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе