Асоцијацијата за заштита на интелектуалната сопственост FACT предупреди дека ќе побара драстични казни за сите оние кои преку социјалните мрежи нелегално го емитувале преносот од бокс мечот меѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев.
Според FACT на стотици профили на Facebook се емитувал преносот со што се прекршени правата за интелектуална сопственост, а во досегашниот тек од истрагата откриено е дека мечот можел да се следи на неколку веб страници.
Според FACT за ваквото кршење на законот може да се добие и казна затвор од 5 години, а британските медиуми потсетуваат дека во 2017 година, извесен Крег Фостер на Facebook го емитувал преносот од мечот меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко и на неговиот профил во еден момент имало 4000 посетители кои бесплатно го следеле овој дуел.
За овој прекршок Фостер заработил казна од 85.000 фунти.
