Вести Свет

НАТО, Германија, Чешка и Полска одбија испраќање војници во Украина

Германија, Чешка и Полска нема да праќаат војници во Украина. Ова е потврдено денеска по изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон дека таква можност не е исклучена.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во изјава за АП порача дека Алијансата ја поддржува Украина, но не планира да испраќа копнени трупи.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, одговори дека испраќањето на војници во Украина „не би било во интерес на Западот“. Притоа предупреди дека во таков случај би бил неизбежен директен судир меѓу Русија и НАТО.

Денеска во Париз беше одржан Самит на европските лидери чиј домаќин беше францускиот претседател Емануел Макрон кој по состанокот соопшти оти нема консензус за испраќање на војници на европските земји во Украина. Но, нагласи дека „ништо не треба да биде исклучено“.

„Во овој момент нема консензус за испраќање трупи. Ништо не треба да се исклучи. Ќе сториме се Русија да не победи“, изјави Макрон на прес-конференцијата по состанокот, пренесе „Ројтерс“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе