Собранието ја изгласа одлуката за продолжување на кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година. Кризната состојба која е на сила од минатиот месец, ќе продолжи и во следните шест месеци.
Пратениците денска констатираа и дека Предлог-законот за попис на населението во прво читање е прифатлив и може да се проследи на натамошно читање. Опозицијата не беше присутна во салата и за време на овие гласања.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.