Ковид19 Свет

Дедо Мраз зарази со коронавирус 118 лица во белгиски дом за стари лица

Дедо Мраз, кој посети дом за стари лица во Белгија, со коронавирус зарази 118 лица.

Според локалните медиуми, син на станар во домот за стари лица во градот Антверпен, во костум на Дедо Мраз, го посетил домот за да ги развесели корисниците.

Меѓутоа, кратко по посетата, 45 лица кои биле во близок контакт со него, почнале да покажуваат симптоми на инфекција.

Неколку дена по посетата на Дедо Мраз, вирусот е потврдена кај 98 корисници на домот за стари лица и 20 вработени.

Фотографиите направени за време на посетата покажуваат дека голем број луѓе не носеле заштитни маски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по исчезнатите во Тексас – најмалку 51 загинат, меѓу нив 15 деца

Дејан Дејан

Бројот на жртви во Тексас расте, меѓу нив и девет деца

Дејан Дејан

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе