Вести Македонија Топ вести

Предизборен чекор за комплетирање на ДИК

Попладнево точно во 17 часот претседателот на Собранието Јован Митрески ќе ги распише изборите. Согласно уставните рокови и меѓупартискиот договор, првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај, кога ќе се гласа и за избор на 120 пратеници. По распишувањето на изборите, ДИК ќе го утврди Календарот на изборни дејствија. Со него ќе се утврдат роковите за поднесување кандидатури, за изборна кампања, за отварање жиро сметки, за објавување резултати и други обврски за изборните органи и за партиите – учесници во изборите.

Пратениците имаат мандат да продолжат со работа. `Се уште нема информација кога ќе ги разгледуваат измените на Изборниот законик, за да направат усогласување со препораките на ОБСЕ ОДИХР. Но, надминат е проблемот со ДИК. Утре ќе заседава Комисијата за избори и именувања, по што се очекува таа да му предложи на Собранието да го избере Абдуш Демири за член на Комисијата.

Предлог од Комисијата за избори и именувања и дво-третинско мнозинство во Собранието. Толку му недостига на Абдуш Демири од БЕСА да стане член на ДИК. Се очекува Комисијата утре да го утврди како единствен предлог, откако неговиот против-кандидат Зулфи Адили вчера ја повлекол кандидатурата. Тоа ќе биде разрешница на проблемот што трае два месеци, кога Комисијата донесе заклучок дека Собранието со најмалку 80 гласа треба да избере еден од двајцата кандидати. ВМРО – ДПМНЕ очекува сепартиска поддршка и комплетирање на ДИК во најскоро време.

ДИК работи со 6 наместо со 7 члена цела година, откако Кренар Лога беше избран за министер за правда.

Алијанса остана во уверување дека треба да го задржи местото во ДИК и го предложи Зулфи Адили, поддржан од Европската народна партија на Аријанид Хоџа. Абдуш Демири е заеднички кандидат на Европскиот сојуз за промени. Комплицирањето на неговиот избор беше причина шестмината опозициски пратеници на Сојузот да ја бојкотираат работата на Собранието. Член на ДИК се бира со дво-третинско мнозинство од вкупниот број пратеници, што значи дека е неопходна поддршка и од владеачките партии.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе