Култура

Христо Петрески: Одбележувањето на седумдесет и седмата годишнина на ДПМ не го организирав на своја рака, туку во консултација со членството

Поради неодржаното Вонредно изборно собрание и неговото продолжение зашто во двата случаи немаше кворум за работа, мојата и оставките на членовите од Претседателството, не се прифатени. Така што уште ги вршиме функциите. А, денешното одбележување 77 години од формирањето на ДПМ, не го направив на своја рака, како што ме обвинуваат, туку во консултација со членството . Ова го кажа Христо Петрески, претседател на писателстката асоцијација во оставка, на денешното чествување во Друштвото.

  • Дали ова го направив на своја рака? Ќе кажам, не ! Го направив во консултации, во договор со претседателката на Собранието и со членството. Зошто го направив? Затоа што мислам дека е непримерно по 77 години да не се одбележи овој свет датум. 13 февруари е навистина датум, тоа е празник на писателите од Македонија, кажа Христо Петрески, претседател на ДПМ во оставка.

Изјавата на Петрески доаѓа откако на социјалните мрежи беше прозван од писателот од помладата генерација, Живко Грозданоски, дека без консултација со Управниот одбор , организира настан. Петрески вели, ДПМ нема УО, туку Претседателство во оставка. Според него, за кризата во Друштвото причини се антагонизмот меѓу младите и возрасните писатели, поделбите по партиска линија и мешетарењата од дома и од странство. Поради тоа денеска не се доделија годишните награди и ќе се чека прво на изборот на нов претседател и раководни тела на ДПМ , на 1 јуни.

  • Кога не функционира Претседателството, не може да се распише конкурсот, не може да се изберат жири комисии, бидејќи тоа би било нелегално, кажа Петрески.

За надминување на проблемите во Друштвото, треба да се погрижи државата, но и самото членство, согласно Статутот, сметаат писателите.

  • Тоа мора да си реши самата организација. Таа си има свој Устав, си има свои тела. Статут, не Устав! Статут, кажа Александар прокопиев, писател и поет.
  • Очекувам поинаков приод од страна на државата, кое веројатно законски треба да биде регулирано, рече Васил Дрвошанов, писател и лингвист.

ДПМ е формирано на 13 февруари 1947 година од страна на 8 писатели, меѓу кои се Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски и Коле Чашуле. За нивното творештво денеска зборуваа Прокопиев и Дрвошанов. А, стихови од Конески, како прв претседател на Друштвото, читаа ученици од гимназијата „ Јосип Броз Тито“.

Сотир Трајков

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе