Работодавачите кои примиле државна помош од вкупно над пет милиони денари, и натаму не им исплаќаат плати на вработените. Има и работодавци кои на вработените не им ја исплатиле и целата примена помош. Директорката на УЈП, Лукаревска информира дека на работодавачите кои добиле пари, а не исплатиле плати за октомври дадени им се опомени, по што следи присилна наплата.












