Променливо облачно, со локален слаб дожд, а на повисоките планини на северозапад со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 8°C, а максималната од 9 до 16°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-2 Попова Шапка, 0 Лазарополе, 1 Маврови Анови, Крушево, 2 Охрид, Берово, 3 Претор, Прилеп, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Битола, Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Куманово, 6 Струмица, Велес, Кавадарци, Дојран, 7 Штип, Гевгелија, 9 Демир Капија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
34 Струмица, 29 Крива Паланка, 24 Пожаране, 22 Претор, Берово, 20 Маврови Анови, Попова Шапка, Охрид, Виница, Гевгелија, 18 Тетово, 17 Крушево, 16 Штип, 15 Куманово, 11 Дојран, 10 Битола, Дебар, Кавадарци, 9 Лазарополе, Прилеп, 8 Скопје-Петровец, Демир Капија, 7 Скопје-Зајчев Рид, 6 Тополчани, Велес, 5 Ѓуриште.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
13 Попова Шапка.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 7.5, Преспанско Езеро 4.5, Дојранско Езеро 7.2.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
