Во станиците за технички преглед во Скопје, Куманово и Велес се уште нема доставено налепници за регистрации со ознаката НМК.
Телма телефонски контактираше со 5 станици за технички перглед во овие градови и ни беше кажано дека нема налепници и дека ги очекуваат. Досега не биле информирани официјално од МВР за начинот на делење и за достава на налепниците. Се информирале од медиумите.
Полицајците кои се задолжени за таа обврска и се на шалтери на станиците за технички преглед на вработените им кажале дека треба да им бидат доставени првите налепници во текот на денот.
Налепниците треба да бидат залепени на сите таблички на која нема ознака НМК, без разлика дали станува збор за таблички со црвена подлога на која се става ознаката за градови или поновите со сина подлога и со државни ознаки МК.
Согласно законските промени по меѓународниот договор со Грција периодот за замена на ознаките на регистрациите истекува на 12-ти февруари 2024-та во понеделник (ист е рокот за пасошите и личните документи).
Досега не е поделена ниту една налепница за регистрација иако набавката е потпишана на крајот на ноември лани.