Ракомет Спорт

РК Алкалоид во плејофот влегува со три засилувања од својот погон

Ракометниот клуб Алкалоид за вториот дел од сезоната реши да прекомандува тројца млади играчи од втората екипа Мулти Есенс. Македонскиот вицепрвак продолжува со својата стратегија да им дава шанса на младите играчи од свите редови.

Алкалоид за време на зимската пауза реши да не прави големи промени во ростерот. Од Мулти Есенс во првиот тим прекомандувани се пивотот Валентин Карасманакис, десното крило Мартин Димовски и голманот Виктор Василевски.

Од таборот на тимот од Автокоманда си замина единствено голманот Алехандро Ромеро Карерас. Составот останува со само еден странец во своите редови, а тоа е францускиот интернационалец Арно Бинго.

Алкалоид во сабота го почнува плејофот со гостување кај Пролет. Исто како и Вардар, така и Алкалоид во разигрувањето влегува со три бода по перфектниот ефект во првата фааз од првенството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе