Спорт Фудбал

Гринвуд летово од Хетафе ќе се пресели во еден од најголемите шпански клубови

Мејсон Гринвуд по проблемите што ги имаше на приватен план откако беше обвинет за силување од поранешната девојка, сега ја воскреснува својата кариера во Хетафе.

Младиот Англичанец покажа дел од својот раскошен талент во малиот шпански клуб и веднаш го привлече вниманието на Атлетико Мадрид. Тренерот Диего Симеоне е подготвен да го доведе во своите редови во летниот преоден рок, пишува „Телеграф“.

Манчестер јунајтед без проблем ќе го продаде крилниот напаѓач и тоа за 25 милиони евра. Гринвуд нема иднина на „Олд Трафорд“ па затоа и беше испратен на позајмица во Хетафе.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе