Вести Свет Топ вести

Американците од понеделник ќе можат да ја примат вакцината на „Фајзер и Бионтех“

На американско тло се е подготвено за достава и прием на вакцината против корона вирусот на фармацевтската компанија Фајзер и Бионтек. Фрижидерите и контејнерите кои ќе ја чуваат вакцината на минус 70 степени се ставени во употреба, се чека да дојде инјекцијата, која Американците ќе можат да ја добијат од понеделник. Американската агенција за безбедност на храна и лекови ја послуша препораката од здравственото тело и ја одобри употребата на оваа вакцина за итна употреба.

Oваа вакцина покажа ефикасност од 95 отсто, но терминот „за итна употреба“ значи дека може да се користи во итни ситуации. Фајзер се уште чекаат дозвола за масовна употреба на нивната вакцина. Сепак, велат дека штом американскиот регулатор дава зелено светло, трендот ќе го следат и другите, што е надеж дека пандемијата ќе се стави под контрола.

Најважно е навистина достигнување на можноста во оваа ситуација каде пандемијата е надвор од контрола, да се даде надеж на луѓето и некако да се осигура дека пандемијата ќе дојде до крајот, вели директорот на Бајонтех, доктор Ујгур Сахин. 

 

Имунизацијата ќе почне од понеделник, за што најави и американскиот претседател Трамп, кого медиумите го обвинуваат дека вршел притисок врз регулаторното тело за побрзо одобрување на вакцината, за позитивните поени да се пресметаат кај неговата, а не следната администрација. Но, од ФДА велат дека не биле под никаква пресија.

Нема да авторизираме или одобриме која било вакцина против ковид 19 пред да ги исполни ригорозните очекувања на Агенцијата за безбедност и ефикасност. Одлуките за одобрување на вакцините се терапевтски и ќе се донесат од соодветниот персонал на ФДА низ темелни процеси и одлуките ќе бидат водени од науката. ФДА нема да дозволи никаков притисок од кој било за тоа да се промени, изјави директорот на ФДА, доктор Стивен Хан. 

Од Агенцијата велат дека нема шанси да одобрат вакцина која ни би ја давале и на нивните семејства. Вакцинацијата се очекува да ја смени пандемијата во САД, каде од корона вирусот досега починаа речиси 300.000 луѓе. Последните анкети кажуваат дека вакцината би ја примиле половина од американската популација. Една четвртина секако би ја одминале. Многумина се загрижени за безбедноста и одбиваат да го набљудуваат крајниот резултат. Експертите сметаат дека за да се добие колективен имунитет потребно е да се вакцинира 70% од наслението, или вирусот да дојде до точка каде ќе може да се контролира. Докторите инсистираат на луѓето да им се објасни дека од вакцината вообичаено е да се добијат несакани ефекти како благо покачена температура, болка во рамото, вртоглавица – но сето тоа се знаци дека имуниот систем се бори и се зголемува.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Многу е важно што нафтата паѓа – одлични работи ќе се случат на Блискиот Исток

Mirjana Joveska

Андоновски: Подготвуваме „компактен“ закон за ВИ и македонски јазичен модел кој ќе го чува нашиот дигитален идентитет

Mirjana Joveska

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе