Вести Најважни Свет

Вакцината на „Фајзер“ одобрена за итна употреба во САД

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“.

Oваа вакцина покажа ефикасност од 95 отсто, но терминот „за итна употреба“ значи дека може да се користи во итни ситуации, но дека сè уште нема целосен сертификат и целосно одобрување од властите, за што „Фајзер“ ќе треба да достави посебно барање до ФДА.

Претседателот Трамп рече дека вакцинацијата може да започне „за помалку од 24 часа“.

Денеска нашата нација постигна медицинско чудо, рече Трамп, доставивме безбедна и ефикасна вакцина за девет месеци.

 

Пред да се соошти во јавноста, ФДА беше под неверојатен пристисок од администрацијата на Трамп за побрзо да ја одобрат употребата на вакцината, јавуваат американските медиуми. Иако, претседателот на Агенцијата, Стивен Хан, овие инфомации ги нарече „неточни“.

Пред почетокот на масовната вакцинација, Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и Советодавниот одбор за превенција и имунизација на САД мора да дадат препорака по што ЦДЦ ја усвојува последната препорака и дава зелено светло за да започне вакцинацијата на населението.

Вакцинацијата се очекува да ја смени пандемијата во САД, каде досега починаа повеќе од 295.000 пациенти од коронавирусот.

„Ова е уште еден чекор во низата чекори што водат до крајот на оваа пандемија“, рече Амеж Адаља од одделот за здравствена безбедност на Универзитетот „Џонсон Хопкинс“.

Покрај Велика Британија, која прва одобри употреба на вакцината на „Фајзер“, официјални лиценци за употреба на оваа вакцина се издадени во Мексико, Бахреин и Саудиска Арабија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Подготвуваме „компактен“ закон за ВИ и македонски јазичен модел кој ќе го чува нашиот дигитален идентитет

Mirjana Joveska

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе