Вести Македонија Најважни

Таравари не сака да стане претседател, денеска на кафе со Ковачевски

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, не е заинтересиран да се обиде да се пресели во претседателската резиденција на Водно. За Телма потврди дека опозициските партии на Албанците на средбата со косовскиот премиер разговарале да биде нивен претседателски кандидат на претстојните избори, но тој одбил. Понудата ја откри лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во синоќешното интервју за косовска телевизија.

По Курти, Таравари денеска пиеше кафе и со претседателот на СДСМ. Ова го објави самиот Ковачевски на Фејсбук, без да спомне ништо околу тоа, дали разговарале или можеби договориле соработка на изборите. Наводно, разговарале за реализација на програмата на владата, за динамиката на работа во наредниот период, како и за натамошната политика.

Експремиерот пишува и дека нивни заеднички цели, на кои посветено работат како коалициски партнери, се продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ. Ова, како и упорното молчење на Таравари за натамошните потези, уште толку ги разгоре шпекулациите, кои се засилија по синоќешната објава на телевизијата Клан, дека се сретнал и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Телевизијата, што неофицијално се поврзува со екс вицепремиерот Артан Груби, објави текст во кој се тврди дека Таравари бил на средба со Мицкоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Информацијата беше поткрепена со фотографија од подземната гаража на седиштето на партијата. Истовремено, текстот беше испратен и на електронските адреси на другите медиуми, меѓу кои и на нашата телевизија, што досега не било пракса. На овие мејлови соопштенија испраќаат институциите, додека медиумите кои се борат за гледаност, ваквите информации ги пласираат исклучиво на сопствените сајтови.

Набргу потоа, телевизијата повторно испрати мејл, во кој на некој начин потврди дека не се работи за новинарски текст, велејќи дека „го повлекува вечерашното соопштение и ќе поведе постапка за одговорност кон новинарот кој што неавторизирано испратил меил до други медиуми со непотврдена информација“. Во новата порака стои и дека се во фаза на екипирање на нов состав на вработените и ќе истражат дали овој инцидент е намерен од страна на актуелни или веќе отпуштени вработени за да ѝ се наштети на телевизијата.

Синоќа и од ВМРО-ДПМНЕ демантираа дека ваква средба се случила и одговорноста за објавувањето таква лажна вест му ја припишаа на поранешниот вицеперемиер Артан Груби.

„Прашуваме од каде знае Артан Груби кој е во Австрија (пазарејќи во една од луксузните продавници на Гучи, Барбери и Версаче) дали Арбен Таравари бил во ВМРО-ДПМНЕ? – Денеска Таравари не беше во нашето партиско седиште, а наместо соопштенија во име на медиум и негова злоупотреба како да е прес центар на ДУИ, Груби наредниот пат може да пушти соопштение и од својот личен мејл. Се разбира, под услов да е точно и вистинито“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Паркираното возило во гаражата е на претседател на партиски огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Маврово-Ростуше.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе