Вести Македонија Топ вести

Нема нови случаи на салмонела во детската градинка во Берово

Нема нови случаи на салмонела во детската градинка 23 август во Берово, но денеска и утре нема да работи кујната.

Беровскиот градоначалник, Звонко Пекевски вели дека се чекаат резултатите од вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Центарот за јавно здравје и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Локалната власт најави дека за случајот со салмонела во детската градинката во Берово ќе се свика и Советот на родители и Управниот одбор на градинката.

Пред два дена родители кои имаат згрижено деца во детската градинка 23 август реагираа дека нивните деца се заболени и се  пожалиле на грчеви во стомакот и дијареа.

Од петте мостри кои ги има земено Центарот за јавно здравје во Кочани се покажа дека кај две деца ја има бактеријата салмонела.

Резултатите од вонредниот инспекциски надзор се очекуваат утре или задутре.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе