Спорт Фудбал

Официјално: Јирген Клоп го напушта Ливерпул по завршувањето на сезоната

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп објави дека по завршувањето на актуелната сезона ќе го напушти тимот. Германецот како главна причина за напуштањето на клупата го наведе заморот.

Клоп беше назначен за менаџер на „црвените“ во октомври 2015 година. Во овој период го водеше клубот до седум големи трофеи како Лигата на шампиони, Премиерлига, Светско клупско првенство, ФА Куп. Лига Куп, УЕФА Супер Куп и Компјунити шилд.

Германецот во интервју за клупската интернет страница рече дека главна причина за напуштањето на клубот е заморот. Тој ги информирал челниците на клубот уште во ноември дека планира да си замине. Клоп сака клубот да има доволно време да се подготви за транзицијата кон нов менаџер на почетокот на новата сезона.

Ливерпул во моментов е во трка за четири трофеи сезонава, па Клоп се надева дека во јуни ќе си замине со уште некоја титула во своето Си-Ви. Стратегот имаше договор со „црвените“ до јуни 2026 година. Пред да се пресели на „Енфилд“ ги предводеше Борусија Дортмунд и Мајнц.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе