Свет

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата и ги уриваа божикните украси во Тирана 

Насилство и безредија избувнаа синоќа на улиците во Тирана кога повеќе стотици Албанци се сообраа на протест заради фаталното полициско убиство на едно 25 годишно момче, кое го прекршило полицискиот час воведен заради пандемијата коронавирус.

Демонстрантите, кои ја игнорираа забраната за јавни собири на повеќе од 10 лица, ја каменувале полицијата а употребиле и пиротехнички средства против припадниците на безбедносните сили, потврди министерството за внатрешни работи на Албанија.

Според портпаролот на полицијата, 9 полицајци биле повредени во судирите, како и најмалку двајца демонстранти.

Својот бес демонстрантите го изразија и со палење и уништување на божиќните украси во главниот град на Албанија.

Запалена и урната беше голема божикна елка поставена пред зградата на албанската влада, што еуфорично беше поздравено од толпата.

Полицијата ги повика организаторите на протестите, кои преку социјалните медиуми ги мобилизирале демонстрантите, да запрат со повиците за насилство.

Истовремен, полицијата соопшти и дека еден полицаец бил приведен и против него се води истрага за убиството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп домаќин на борбите на UFC

Дејан Дејан

(Видео) Кос: Денеска е мега понеделник за проширување, го отвораме првиот кластер за Украина и Молдавија

Kristina Kuzmanovski

ЕУ за договорот САД-Иран: „Оружјето сега мора да замолчи“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе