Вести Економија

Скопскиот аеродором петти најпрометен во регионот изминатава година

Меѓународниот аеродром Скопје лани забележал близу 2,9 милиони патници, што го прави петти најпрометен во регионот. Од аеродромите во земјите од поранешна Југославија, најмногу патници во 2023 година имал белградскиот, втор е аеродромот во Загреб, на трето место е аеродромот во Приштина, а четврти е Сплитскиот аеродром.

Во 2023 година, Скопје првпат го престигна традиционално попрометниот Дубровник, додека Подгорица го надмина Сараево, а Љубљана – Задар.

Повеќе од половина од аеродромите лани забалежале најпрометна година досега, а дел сè уште се под нивото на превезени патници во однос на периодот пред ковид пандемијата.

Последниот инцидент во М-НАВ од 4 јануари фрли сенка врз функционирањето, а реагираа и дел од амбасадите во земјава. Реакција стигна и од НАТО алијансата од каде се интересирале дали е безбедно нивните авиони да вршат прелети над македонското небо, бидејќи во моментот кога физички беше нападнат контролор во контролната кула над земјава прелетувале два нивни авиони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Одбиено обвинението против Максим Димитриевски

Дејан Дејан

Кривична пријава за сопственичка од Кавадарци за затајување данок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе