Вести Македонија Најважни

Премиерот и министрите поднесуваат оставки в четврток

Премиерот и министрите во четврток претпладне ќе станат од функционерските фотељи. Неколкумина од нив ќе се вратат само неколку дена подоцна, како дел од техничката влада, но дали ќе се пополнат и местата резервирани за опозицијата, сѐ уште е неизвесно откако премиерот најави дека доколку тие не го гласаат Џафери, мнозинството нема да ги гласа нивните министри.

На новинарска забелешка дека, токму СДСМ први направија преседан и во 2016-та година не гласаа за сопствените предлози во техничката влада, одговори дека тогаш тоа било од оправдани причини, поради отсуство на демократија.

Владата на Емил Димитриев беше избрана без пратеничката група на СДСМ, а нивните технички министри дадоа свечена изјава по три дена. Но и натаму, Ковачевски останува на ставот дека сегашната опозиција  не смее да го стори истото.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека нема да гласаат за техничкиот премиер.

Џафери исто така ќе си поднесе оставка на функцијата претседател на Собранието во четврток, за до изборите да биде технички премиер. На неговото место ќе седне координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Новата техничка влада ќе се гласа во Собранието в недела на 28 јануари.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе