Останато Спорт

Три медали за каратистите на Макпетрол на турнирот „Гран при Кроација“

Во Самобор, Хрватска од 19-ти до 21јануари се одржа најмасовниот и
најквалитетниот меѓународен карате турнир „Гран при
Кроација”.

На турнирот, што се одржа по 32.пати, учествуваа 1.539 каратисти од 29 држави, односно 233 клуба.
Уште на самиот старт актуелниот светски вицепрвак и европскиот
бронзениот медалист од последното Европско првенство во Коња, Стефан
Стојановиќ во категоријата +84 кг (У21), успеа да влезе во финалната борба во својата
категорија и исто како и минатата година да го освои сребрениот медал.

Во истата тежинска и возрасна категорија Данило Божовиќ го
освои бронзениот медал, а бронзена стана и Јована Мицовска во категорија -61 кг (У21).

„Задоволни сме од настапот на нашите каратисти на овој турнир“, изјави тренерот Петар Заборски.  Направивме добра контрола и главна меѓународна проверка на формата на каратистите. Заминавме на овој турнир со пет каратисти. Освоивме три медали, еден
сребрен и два бронзени  со спортисти кои ќе настапат на претстојното
Европско првенство во Тбилиси, Грузија во февруари годинава и тоа во
категориите на највозрасните младински категории на постари јуниори (У21).
Резултатите кои се постигнати со освоените три медали, говорат дека во
моментов ‘Макпетрол’ располага повторно со квалитетни млади каратисти од кои
може да очекува добар резултат од Европското првенство“, заврши Заборски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе