И вториот ден од викендот ќе провладува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места во должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури секаде ќе се спуштат под 0, а во делови од земјата и до -12 степени односно ќе се движат во интервал од -12 до -6 , а дневните од 2 до 8 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Информации од ова утро: 13.1.2024
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С
-15 Попова Шапка, -12 Берово, Крушево, -11 Крива Паланка, -10 Маврови Анови, -8 Штип, Струмица, -7 Прилеп, Виница, -6 Битола, Охрид, Претор, -5 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, -4 Куманово, Велес, -3 Скопје-Петровец, Тетово, Кавадарци, -2 Дојран, 0 Гевгелија.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во cm)
6 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo
