Ова што се случува во М-НАВ очигледно не им одговара на многу луѓе. Со цел да се направи де фокус од реалните проблеми. Не се срамам дека татко ми работеше во М-НАВ, јас сум примен со полагање на сите потребни испити, рече синдикалниот лидер Александар Тасевски, во вечерашното гостување на Топ Тема.
Што се случи на 4 јануари во М-НАВ?
- Тоа е почетокот на одмотување на клопчето. Тоа не е настан кој резултира од грешките од вчера или завчера, туку покажува дека целиот овој период погрешно била поставена целата постапка, кој лица биле вработени во службите за обезбедување, каква била нивната задача, дали имале други активности, кога во одреден момемнт се договориле да направат напад врз контролор на летање, но законодавството да си ги одговори овие прашања, одговори во вечерашната Топ Тема на Телма Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ.
„Од оние што ги видовме на Телевизија тројца ги препознавме како наши вработени, кои биле другите четири навистина не знам, може да ги видам вака би ги препознал. Од друга страна дали биле вработени кај нас или не тоа ќе мора да прашате некој од раководството. Или сегашниот директор Хасим, кој остана кој е одговорен за секторот за човечки ресурси. Може е некој наш вработен но никогаш не дошол на работа“, вели Тасевски.
На прашањето дали е влезено во контролната соба рече дека за тоа треба да одговори истрагата.
Истрагата на истражните органи е една страна, од друга се Агенцијата за Цивилна и воздушна пловидба, но, она што мора М-НАВ да го спроведе е интерна истрага.
„Правилникот беше донесен преку ноќ веројатно намерата беше да се користи во друга насока. По мои сознанија интерна истрага е започната, побарани се изјави од раководителот кој го пријавил случајот во полиција“, рече во вечерашната Топ Тема, Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ.
Со Александар Тасевски разговараше Боби Христов
