Магазин Македонија

Позитивни реакции по ТВ премиерата на „Црвениот поет“ за Кочо Рацин на ТВ Телма

Многу очекуваната домашна македонска серија „Црвениот поет“ која премиерно се емитува на Телма (прва епизода емитувана на 9-ти јануари 2024.) предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи.

Меѓу позитивните коментари на ФБ, Васко Гичевски напишал: „Гледајќи ја првата епизода од ” Црвениот поет” навистина успеав да ја согледам целата Рацинова емоција, целата негова полнота обвиена со црвеното знаме, знамето на обичниот човек, знамето на борбата за подобро утре. Дијалозите се внимателно одбрани, скоро секој збор е набиен со борбен дух! Тој дух, кој избива со децении од Рациновите писанија, сметам дека сега достојно беше претставен и во телевизиско издание.“

-Тоа е големиот Рацин, ја допре душата на обичниот намачен човек. Ја разбра и ја овековечи во неговите творби, бесценети за македонскиот народ, коментираше гледачот на серијата Злате Јаневски.

Серијата „Црвениот поет“ ќе се емитува секој работен ден на Телма во 20:00 часот. Во серијата, во улогата на големиот поет Кочо Рацин се појавува младиот актер Александар Ристоски. Серијата за големиот македонски поет предизвика и позитивни реакции и од професорите по македонски јазик, кои што творбите на Рацин ги приближуваат на младите генерации.

-Многу пријатно изненадена , вакви филмови недостасуваа и конечно дочекавме. Честитки за целата актерска екипа и режисерот, коментираше Билјана Костова, професор по македонски јазик и литература во СУГС „Никола Карев“-Скопје.

Многумина преку коментарите искажаа дека публиката сака домашна филмска продукција која покрај „Црвениот поет“ со многу филмови беше претсставена и низ новогодишната програма на Телма.

-Да има повеќе нови македонски серии и филмови и Рацин би се радувала, искоментира Лујза Димитрова.

Во серијата „Црвениот поет“ опишани се вистински настани поткрепени со историски факти за животот на Рацин, вели режисерот Никола Поповски

Во коментарите не изостана ниту спомнувањето на родниот град на Рацин, Велес, како и споделување на спомените за овој град покрај Вардар, но и за стиховите на познатиот современ македонски поет.

-Фалеше малку велешкиот дијалект, инаку одлична, посочи лекарот Нико Беќаровски.

-Одличен вовед во серијата од младиот режисер кој ветува многу, а и првата епизода извонредна. Ние се пензиониравме и уште ги знаеме наизуст „Денови“, „Ленка“, „Тутуноберачите“, „Копачките“, „Селска мака“, од неговата збирка „Бели мугри“. Истата била испечатена 1939. год во 4.000 примероци. Чест ми е што учев во гимназијата која го носи неговото име во Велес, напиша Славица Николовска.

Креатор и сценарист на серијата „Црвениот поет“ е Сашко Насев, а режисер на сагата за Рацин е Никола Поповски.

ЦРВЕНИОТ ПОЕТ – ТВ Мини Серија – прва епизода 09.01.2024 во 20 часот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе