Кошарка Спорт

Реал Мадрид и Ефес играа 60 минути и срушија бројни рекорди во Евролигата (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Анадолу Ефес синоќа одиграа неверојатен натпревар во рамки на 19.коло во Евролигата што ќе остане запишан во историјата. Дуелот помеѓу последните европски прваци траеше цели 60 минути, односно се одиграа четири продолженија, а на крајот „кралевите“ дојдоа до победата.

Реал славеше со 130-126 во епскиот дуел, кој веројатно нема да се повтори наскоро и го остана цврсто на првото место на табелата со скор од 17-2. Двата тима срушија многу рекорди во Евролигата, најпрво оној за најдолг натпревар, бидејќи ниту еден дуел досега во рамки на европската елита не траел повеќе од две продолженија.

И Реал и Ефес ги срушија рекордите за најмногу поени постигнати на еден натпревар, бидејќи претходниот рекорд го држеа Панатинаикос со 123 поени од пред 15 години и Макаби Тел Авив исто така со 123 поени од пред 20 години.

Го соборија и рекордот за вкупен број поени на еден натпревар со 256. Претходниот рекорд беше 232, кога Панатинаикос ја победи Фортитудо Болоња со 114-118 во сезоната 2003/2004.

Ниту еден тим досега во Евролигата немал тројца играчи со 25 или повеќе поени на еден натпревар. Тоа синоќа им успеа на Џанан Муса со 40, Марио Хезоња со 31 и Факундо Кампацо со 25 поени.

Од таборот на Ефес, Шаејн Ларкин и Тибор Плеис станаа првите двајца играчи во историјата на Евролигата кои одиграле повеќе од 50 минути на еден натпревар. Ларкин сега го држи рекордот со 53 минути и 11 секунди минати на паркетот, додека Плеис е втор со 52 минути и 56 секунди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АЕК бара натпреварот со Алкалоид да биде презакажан

Дејан Дејан

Гиљермо останува на клупата на Вардар и следната сезона

Дејан Дејан

Милевски одбра 27 фудбалери меѓу кои и еден дебитант за Белгија и Казахстан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе