Првите дози на вакцината Фајзер/Бионтек во Велика Британија ќе стигнат најрано утре, камионите на компанијата Фајзер тргнаа од белгиски Пуурс. Велика Британија нарача 40 милиони дози од вакцината која е доволна за вакцинирање на 20 милиони луѓе. Вакцината, која првите жители на Островот ќе можат да примат идната недела, мора да се чува на -70 Целзиусови степени.
Потребна е претпазливост, владите да не ги отворат премногу брзо своите економии по оптимизмот создаден од стартот на вакцинирањето против Ковид – 19. Ова е пораката од извршниот директор на фармацефстката компанија Фајзер, Алберт Бурла. Се работи на зголемување на производсвените капацитети, вели Бирла кој е убеден дека до крајот на идната година ќе има вакцини повеќе од потребното за борба против пандемијата.
Значи, ние правиме во моментов сè што можеме за да го зголемиме производствениот капацитет, но предизвикот е што треба да го зголемиме во следните неколку месеци. Задоволство мие, но на крајот на 2021 година, на пример, ќе имаме повеќе дози отколку што ќе ни требаат, а сега ќе имаме набавка за првите месеци – Алберт Бурла, извршен директор на Фајзер.
Критики до Велика Британија денеска упати американскиот епидемиолог број еден Ентони Фалучи кој смета дека земјата не ја проучи вакцината внимателно за разлика од САД. Но, Британците веќе работат на својот план тамошниот министер за образование Вилијамсон вели дека вирусот ќе биде победен до пролет. А Приоритет ќе им се даде на ранливите категории, односно на постарите лица и на здарвствените работници.
Она што е јасно е дека целна група се најзагрозените, оние луѓе кои најверојатно ќе бидат во болница и кои ќе бидат соочени со преживување од Ковид. Значи, сосема со право, целта најпрво се овие луѓе. Уверен сум дека со воведувањето на вакцинацијата, посебно насоечена на ранливите категории. Ќе создеме улови до пролет вирусот да биде поразен – Гевин Вилијамсон, министер за образование во Велика Британија.
Финската Влада денеска соопшти дека договорила национална стратегија за вакцинирање против Ковид-19. Властите планираат вакцините да бидат достапни за секого и да почнат со вакцинирање на здравствениот персонал.
Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера нареди почеток на вакцинацијата против корона вирусот од голем обем, која ќе започне до крајот на наредната недела. Лекарите и наставниците ќе бидат први што ќе ја примат вакцината Спутник 5.
Бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот денеска надмина 1,5 милиони луѓе, па стапката на смртност од коронавирус во моментов е околу три проценти.
Билјана Ставрова