Иако се уште нема официјална потврда за приходот од егзибицсикиот меч меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс што се одржа во Лос Анџелес, медиумите во Велика Британија пишуваат дека е инкасирана сума од 10 милиони фунти.
Мечот во Стејплс центарот кој заврши без победник имаше и хуманитарен карактер и комплетната сума ќе биде донирана добротворни цели.
Неофицијално двајцата боксери за појавувањето во рингот добиле хонорар од еден милион долари.
Мечот меѓу Тајсон и Џонс можеше да се следи низ директен пренос во голем број земји, а во САД и Велика Британија сите оние што сакаа да го гледаат дуелот во Лос Анџелес морале да платат по 50 долари.
