Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затворениците заразени со корона од Идризово ќе бидат преместени во други затвори вети Маричиќ

/

Топ вести

Сподели преку :

Откако  вчера за Телма осуденик, кој е заразен со коронавирусот во  затворот Идризово се пожали на лошите услови во кои се сместени група на затвореници, денеска Министерот за правда, Бојан Маричиќ од штипскиот Затвор најави дека ќе бидат преместени во други казнено-поправни установи, за да им се овозможи соодветен третман.

Во применото одделение на Идризово биле сместени околу 15 осуденици, позитивни на коронавирусот, се пожалија на лошите услови, но и се сомневаат дека се позитивни, затоа што какошто тврде осуденото лице ниту еден немал симптоми, а кога им мереле температура, кај некои постојано покажувало 36 степени. За разлика од Идризово во штипскиот Затвор засега е нормализирана сотсојбата, овде нема ниту едно осудено лице, кое е заразено, но двајца вработени не се на своите работни места поради позитивни тестови.

Викторија Јованова