Спорт

Токио во загуба од три милијарди евра

Организаторите на Летните олимписки игри во Токио што требаше да се одржат оваа година, а поради пандемијата се одложени за следното лето објавија дека поместувањето на терминот ќе ги чини три милијарди долари.

Организацискиот комитет на Игрите во координација со владата на Јапонија ќе бара решение како да се санираат финансиските штети, а се очекува и исполнување на ветувањето од страна на Интернационалниот олимписки комитет кој најави дека ќе помогне во покривањето на огромните трошоци.

Во текот на неделава се очекува објавување на протоколот за безбедност на учесниците во натпреварувањата, а ќе се објави и буџетот за негово спроведување за кој се претпоставува дека би чинел околу една милијарда долари.

Со пролонгирањето на терминот на одржување на Игрите драстично се зголемија трошоците на организаторот кој во март непосредно пред одлуката за поместувањето на почетокот на ОИ за 12 месеци сумата изнесуваше 12 милијарди долари и се проценува дека таа во следниот период ќе се зголеми и според проекцијата би изнесувала меѓу 17 и 20 милијарди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе