Граничната управа на Газа објави дека преминот Рафа на границата со Египет денеска повторно ќе биде отворен за оние кои поседуваат странски пасоши.
Евакуацијата од Појасот Газа во Египет за странски државјани и Палестинци на кои им е потребна итна медицинска помош беа прекинати во петокот, пишува Хаарец.
Изворите на весникот рекоа дека суспензијата е поради проблеми со носењето повредени во Рафа од Газа.
Македонија досега евакуираше едно четричлено семејство од појасот Газа, но остана уште еден брачен пар кој е ставен на листата за евакуација, но поради ситуацијата на терен се уште не може да излезе од завојуваното подрачје. МНР соопшти и дека освен брачниот пар, во Газа има уште еден македонски државјанин, но тој самиот побарал да не биде евакуиран бидејќи работи во хуманитарна организација која помага на цивилното население.