Вести Свет

Прва грчка блокада на албанскиот евроинтегративен пат

Прва грчка блокада на албанскиот евроинтегративен пат. Грција не се согласи на заедничко писмо со 27-те земји членки на ЕУ за отворање на првите поглавја со Албанија, објави Катимерини. Ваквиот потег го испровоцира затворањето на градоначалникот на Химара, кој е етнички грк. Атина обвини за кршење на неговите права. Катимерини пишува дека ваквиот развој на настаните го разделуваат заедничкиот европски пат на Албанија и Македонија, и потсетува дека пред само неколку дена е објавен извештајот  на европската комисија за нивниот напредок.

Атина ќе го преиспита својот став, само доколку Тирана преземе чекори со кои ќе покаже дека има простор за дискусија, се потенцира во текстот на Катимерини. Грција инсистира Белери да добие шанса за заклетва за градоначалник, барање кое албанските судови досега го одбиваа. На 22 овој месец е следното рочиште на кое ќе му се суди за купување на гласови. Случајот е нотиран и во извештајот на европската комисија како сериозен проблем кој ги комплицира грчко-албанските односи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе