Вести Македонија

Нападната полицајка кај Народна банка, напаѓачот приведен

Полициска службеничка која била на смена на обезбедување на зградата на Народната банка вечерва била нападната.

Маж и пришол во близина на куќарката за обезбедување и ја идирал со боксови по главата и и предизвикал крварење, велат за Телма, од независниот полициски синдикат.

Набргу пристигнало засилување, а напаѓачот е приведен.

Со возило на итна помош, полицајката е однесена на лекарска интервенција.

Од МВР го потврдија нападот.

-Вечерва околу 20 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.М.(44) од Скопје затоа што на територија на Центар физички нападнал полициска службеничка што извршувала службени дејства. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, одговорија од МВР за Телма.

Од Независниот полициски синдикат бараат построги казни за напаѓачите врз полицајци, но и реакција на надлежните за, според нив, се почестите напади врз полициски службеници. Велат дека има стотина напади годишно врз полициски службеници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе