Од поранешен премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер денеска е осуден на осум години затвор. Судот го прогласи за виновен за нелегално извлекување пари од маркетинг агенцијата „Фими Медиа“. Одговорниот за финансии во партијата Младен Баришиќ доби две години и десет месеци затвор, а благајничката Бранка Павошевиќ една година и четири месеци. Портпаролот на некогашната влада на Санадер, Ратко Мачек, кој предходно доби условна казна, сега е ослободен од обвинението.
Во периодот од 2005 до 2009 година, Санадер и наредил на Павошевиќ во деловните книги да не ги бележи парите што му се предадени на Баришиќ.
Дел од сметките на ХДЗ се веќе блокирани и станува збор за 460.000 евра, кои ќе бидат префрлени во државниот буџет по правосилноста на пресудата.
Правниот застапник на ХДЗ Владимир Терешак најави жалба на пресудата и истакна дека сегашниот врв и членството на партијата немааат никаква врска со криминалните дејства на одредени физички лица.
Овој совет не постапуваше по укинатот решение на Врховниот суд, не ги отстрани налозите на Врховниот суд при утврдување на одредени факти ги одби доказните предлози на одбраната на ХДЗ, сметам дека во архументацијата на жалбара која ќе ја поднесеме на пресудата. Сметам дека ќе успееме со наведената жалба – Владимир Терешак, адвокат на ХДЗ.
Повторното судење на Санадер и ХДЗ во случајот „перење пари од маркетинг компанијата Фими медиа“ започна во 2016 година, откако Врховниот суд ја поништи пресудата од 2013 година. Сега владеачката ХДЗ, од чии редови е доскорешната претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, како и премиерот Андреј Пленковиќ, е прогласена за одговорна за корупција, но не прифаќа колективна одговорност.
Во осумгодишната затворска казна на Санадер се вклучува и времето поминато во притвор. Ниту тој ниту другите обвинети не присуствуваа на денешното судење.
Билјана Ставрова