Свет

Во 210 држави во светот од коронавирус заразени повеќе од 53 милиони лица

Веб-страницата „Ворлдметар“ соопшти дека до синоќа во светот се изборени 5.3002.666 лица заразени со коронавирусот, а дека веќе умреле повеќе од 1,29 милиона.

Од почетокот на пандемијата, од крајот на декемеври минатата година кога се појави на пазар во кинескиот град Вухан,  присуството на коронавирусот е регистрирано во повеќе од 210 земји и територии во светот.

Најголема инциденца и смртност од коронавирусот има во САД, со речиси 11 милиони заразени и 248 000 смртни случаи.

Следат Индија со 8,7 милиони, Бразил со 5,7 и Франција и Русија, кои се приближуваат кон билансот на два милиони заразени. Шпанија, Велика Британија, Аргентина, Колумбија и Италија имаат повеќе од милион пациенти.

Според  „Ворлдметер“, само вчера беа пријавени повеќе од 570. 000 нови случаи на коронавирус ширум светот, а бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 се зголеми за речиси 9. 000 и надмина 1,29 милиона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арагчи: Договорот со САД за завршување на војната никогаш не бил поблиску

Дејан Дејан

Елон Маск стана првиот човек на планетата кој „вреди“ 1 000 000 000 000 долари

Дејан Дејан

Укрински напади, Киев ги повика цивилите да ги напуштат окупираните подрачја

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе