Економија Ковид19

4,03 милијарди евра предлог буџетот за 2021

Со приоритет на здравствениот сектор, со најмногу пари за социјална заштита, со нов дефицит, но и со надеж за економски опстанок и раст во втората половина од 2021-ва година и со зголемено ниво на планирани капитални инвестиции.  Предлог буџетот за пост-корона 2021-ва е скроен и застана на помала сума отколку овогодинешниот кризен. Вкупно државата планира да потроши 4 милијарди и 30 милиони евра, а 90.000.000.000 денари односно околу 1.470.000.000 евра се за социјална заштита. Планиран е дефицит, односно државата ќе собере за 4,9 проценти помалку пари отколку што планира да потроши.

Редизнајнирање на буџетските политики – ова беше поимот кој постојано го спомнуваа и Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими. Државата ќе ги казнува или наградува буџетските корисници во однос на она што го сработел согласно планот. Покрај репрограмирање на долговите, државата планира и продажба на државни удели и на државно земјиште за да заработи за буџетот.

Капиталните инвестиции се повторно на високо ниво. Планот е да изнесуваат околу 380 милиони евра, оптимистички е напишано во предлог буџетот, а на крајот на наредната година ќе се види колку е реализирано.

Ковид кризата и економскиот пад во текот на целата година многу „помогнаа“ во креирањето на новиот буџет со кој владата мораше на прво место да го стави здравствениот сектор, а сака и да помогне на најранливите граѓани и индустриски сектори. Оптимизмот е да почне економски раст и догодина во декември да нарасне до 4,1 процент. Иако во буџетот повторно се предлага и резерва наменета доколку корона-вирусот и натаму остане меѓу нас и продолжи со пустошењето на јавното здравје и на економијата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните штедат, ама и се задолжуваат

Sonja Petrusevska

Владин заклучок без ефект, институциите и натаму со милионски долгови за струја и парно

Дејан Дејан

Две недели молк кој конкурирал на милионскиот тендер за нови автобуси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе