Ковид19 Свет Топ вести

СЗО: Рекорден број новозаразени во светот за една недела

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот минатата недела се зголеми за повеќе од 3,6 милиони, што е најголем број за една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација.

Бројот на смртни случаи во тој период се зголеми за 54.000, што е за 9.000 повеќе отколку во претходната недела, пренесува агенцијата ТАСС.

Во соопштението се прецизира дека минатата недела бројот на новозаболени лица во светот бил поголем за осум проценти во споредба со претходната недела.

Повеќе од половина, 54 проценти од новите случаи биле пријавени во Европа, како и 47 проценти од смртните случаи.

Претходниот рекорден број на новозаразени лица во светот на неделно ниво беше забележан во неделата од 26 октомври до 1 ноември, кога беа заразени 3,3 милиони луѓе.

Според СЗО, заклучно со 8 ноември, околу 49,7 милиони луѓе биле заразени во светот, а 1,2 милиони починале.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Да трпиме за вода на овие температури во јули, ова го нема никаде – анкета меѓу гостиварци

Sasko Dimovski

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе