Најважни Свет

Бајден ќе се обрати до нацијата, поддржувачите се собираат пред Белата куќа

Подржувачи и симтазери на Џо Бјаден се собираат пред Белата куќа за да го слушнат говорот на новиот американски претседател, кој ќе и се обрати на нацијата во 20 часот по локално време, односно во еден часот по полноќ по Гринич, откако американските медиуми прогласија негова победа.

Според проекциите на американските медиуми Бајден победи во државата Пенсилванија, со што доби уште 20 електорски гласа и го надмина минимумот од 270. Засега тој има 273 електорски гласови од можни 538. И Фокс телевизија, која е голем поддржувач на Трамп, го прогласи Бајден за победник со 290 електроски гласови, со оглед на тоа што тие веќе го прогласија демократскиот кандидат за победник и во државата Аризона. Бајден води и во Невада, една од клучните држави уште од изборната ноќ.

-Почестен сум бидејќи ме избравте да ја водам ваша земја, се огласи на Твитер Бајден. Работата пред нас е тешка но ви го ветувам следново: Ќе бидам претседател на сите Американци, без разлика на тоа дали сте гласале за мене или не.

Американците во Њујорк, Чикаго и Атланта ги преплавија улиците каде на големо се прославува победата на демократскиот кандидат.

  • Слушнав вриштење надвор, и одма знаев што се случува, морав да дотрчам и да славам со сите. Тоа е… немам зборови, немам зборови – Патрик Мока, поддржувач на Бајден.
  • Готово е! Најдобар ден во мојот живот, најдобар ден годинава. Најдобар начин да ја заклучиме 2020, – Ирвин Ченг, поддржувач на Бајден.

-Ова е навистина неверојатно. Имам родители кои живеат во странство. Имам семејство на кое влијае мометалната став на земјава за емиграцијата, така што е нешто кое ни беше на сите потребно. И мислам дека кога ќе ја видат нацијата која го поддржува Бајден, наспроти другите поддржувачи ќе сфатат дека времето е истечено.

„Едноставниот факт е дека овие избори сè уште не се завршени“, е официјалното соопштение од кампањата на Трамп.

Но, лавина честитки за изборната победа на Бајден пристигнаа од светските лидери. Ангела Меркел го истакна значењето на „незаменливите“ трансатлантски односи.

Пред да стане претседателски кандидат на Демократската партија, Бајден беше потпретседател во времето на претседателствувањето на  Барак Обама. Тој е исто така е најдолговечниот сенатор во Делавер.

Поранешниот американски претседател Барак Обама ги потсети Бајден и Камала Харис дека кога ќе влезат во Белата куќа ги чекаат големи предизвици, пред се пандемијата.

Историски момент е и тоа што САД по првпат ќе има жена потпретседател на државата, Камала Харис, која е со афроамериканско и индиско потекло. Таа објави твит: Овие избори се многу повеќе од Џо Бајден или мене. Станува збор за душата на Америка и нашата подготвеност да се бориме за тоа. Ни претстои многу работа. Да почнеме“, објави таа.

Изборот на Џо Бајден и Камила Харис е карта за создавање историја, одрекувањето од Трамп е нова страница за Америка, напиша поранешната кандидатка за претседател Хилари Клинтон.

За време на кампањата Бајден вети милијарди долари за истражувања поврзани со борбата против корона вирусот. Тој е поборник на имиграцијата во САД, вети дека ќе стави крај на нехуманото раздвојување на бегалските семејства, како и надградба на законот за општо здравство, таканаречениот „обамакер“. Сепак, главниот фокус на новата Администрација ќе биде подигање на економијата ставена на колена од коронавирусот.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе