Вести Свет Топ вести

Хашим Taчи уапсен и во притвор во Хашкиот суд

Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека во средата и вчера се уапсени Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, кои од синоќа се ставени во притвор на специјализираните совети на Косово во судот во Хаг.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека судијата на претходна постапка на специјализираните совети на Косово на 26 октомври го потврдил обвиненијата против сите четворица актуелни или поранешни косовски функционери, а поранешни членови на ОВК.

Во него се додава дека во согласност со Правилникот за постапување и доказите пред Специјализираните совети на Косово, во тој момент не било обелоденото обвинението, но дека сега се објавени сменетата верзија и налогот за апсење.

Информациите за датумот и времето на првото појавување на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи пред судијата на претходна постапка ќе бидат објавени многу брзо.

Поранешните високи припадници на ОВК вчера попладне, доброволно, со авион допатуваа во седиштето на судот во Хаг.

Тачи претходно, вчера, поднесе оставка од функцијата претседател на Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработените во обвинителствата контра власта – законот за служба во ЈО не чини

Tea Dimkovska

По седум години затвор за Ѓоре Петровски – Американецот и Даниел Димески за потпалување на викендичка во Капиново

Дејан Дејан

Барања за зголемување и до 54 отсто, фирмите за парно ги доставија пресметките, последниот збор ќе го има РКЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе