Спорт

Џошуа и Пулев ќе боксуваат во помала сала

Менаџерот на Кубрат Пулев, предизвикувачот за титулата светски шампион во тешка категорија, Ивајло Гоцев најави дека постои можност дуелот против Ентони Џошуа кој е закажан за 12 декември да не се одржи во О2 арената, туку во некоја помала сала.

Идејата за промена на локацијата доаѓа од организаторот на мечот, кој поради големите трошоци би сакал дуелот да се одржи во некоја друга арена со помал капацитет.

Поради фактот дека на соочувањето Џошуа – Пулев нема да биде дозволено присуство на гледачи нема потреба тие да боксуваат во арена со капаците од 20.000 седишта и затоа во моментов се бара алтернативно решение.

Пред неколку дена менаџерот на Џошуа, Еди Херн предложи мечот да се одржи во друга земја, а како предлог ги даде САД, Русија, Кина, Шведска или некаде на Блискиот исток, но идејата беше отфрлена бидејќи штабот на Пулев инсистира домаќин на соочувањето да биде Лондон.

Според медиумите во Англија конечната одлука за арената во која ќе се соочат Џошуа и Пулев ќе биде донесена на четврти декември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе