Вести Македонија

Уставните измени стигнаа во Собранието

Уставните измени пристигнаа во Собранието. Од денеска течат роковите од постапката за менување на Уставот. По разгледувањето во Уставната комисија, пленарната седница на која треба да се види дали има дво-третинско мнозинство за Иницијативата за менување на Уставот треба да се одржи во рок од 30-тина дена, значи некаде во втората половина на август.

Спикерот Талат Џафери верува дека, доколку постои политичка волја, целиот процес може да заврши до ноември годинава. Ова уверување го изразил денеска при прошталната средба со амбасадорот на Австрија, Георг Вуцас.  Но, пратениците од ВМРО ДПМНЕ, без чии гласови не може да се смени Уставот, секојдневно повторуваат дека нема да гласаат под бугарски диктат.

Премиерот Ковачевски очекува плодна дискусија, конструктивна расправа и надпартиски консензус за продолжување на европските интеграции на државата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе